ЏК „Сеишин“ Прилеп севкупен шампион на Македонија


Викендов во спортската сала при СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп се одржаа Државно екипно првенство за сениори-ки и државно првенство за ветерани-ки. Првенствата беа во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо клубот „Сеишин“ Прилеп. На екипното првенство за Сениори-ки мих тимови учество зедоа вклупно 5 клубови: ( Ипон и Работнички од Скопје, Кожувачка Кавадарци, Дрим Струга и домаќинот Сеишин Прилеп).

Клубот Сеишин со 3 победи над Дрим, Работнички и Кожувчанка и 1 пораз против Ипон го освои 2 то место во Екипна конкуренција.

Исто така ветераните од Сеишин имаа успешен настап при што на клубот му донесоа 6 златни медали:

1.Киро Здравески
2. Маке Спиркоски
3. Мартин Ристески
4. Јове Божиноски
5. Дарко Јошески
6. Сашо Димовски

Со овие првенства заврши циклусот натпревари на Државно ниво. Согласно освоените бодови бо текот на целата натпреварувачка година ЏК Сеишин е севкупен Шампион на Македонија т.е. Државен Првак во Џудо!!!

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи