60 млади од Македонија и Грција ќе изучуваат претприемачки вештини во рамки на проектот ЕНТЕГ- повикот е отворен пријавете се!

Facebook
Twitter
Email
Print


Во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020 вчера во Битола беше одржан промотивниот настан за проектот ЕНТЕГ – ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ СО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ.

Проектот е партнерска соработка помеѓу Младински културен центар – Битола и COSV Координација на организациите за волонтерски услуги – Прилеп од страна на Република Северна Македонија и Регионалниот фонд за развој на Централна Македонија (водечки апликант) и Техничката комора на Грција/оддел за Централна Македонија од Република Грција.

„Преку овој проект ќе создадеме виртуелна лабораторија за претприемништво преку која ќе се зголеми вклученоста на младите дипломци во експериментирање со нови идеи и соработка со други чинители. Во проектот ќе бидат вклучени 60 дипломирани млади луѓе од двете страни на границата, кои заедно ќе го поминат процесот на учење и градење на претприемачки вештини. За таа цел, на промотивниот настан беше објавен и јавниот повик за учесници во проектните активности од Северна Македонија. Охрабруваме апсолвенти и дипломирани невработени млади на возраст до 35 години, од Пелагониски регион, од различни образовни профили, од уметност до инженерство, да се вклучат во иновативна програма за унапредување на претприемачки вештини каде ќе научат техники и методи за тоа како да развијат бизнис идеја (од идеја до бизнис план), при што иновациите се во сржта на процесот“, велат проект менаџерите на ЕНТЕГ .

Повеќе детали за програмата и пријавата можете да ја најдете на следниот линк:

https://forms.gle/cS9nz24PuBWrHkxE6

Повикот ќе биде отворен до 31 јануари 2023 година.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи