ВИДЕО – Г. Петар: Ќе добиеме Томос од Цариград кога ќе не признаат уште неколу цркви кои не се под влијание на Грција


Одлуката на БПЦ да ја признае МПЦ под името „Православна црква во Република Северна Македонија“, а Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, да го нарекуваат како „ Стефан Архиепископ на Северна Македонија“ за Митрополитот преспанско-пелагониски Петар  била политичка одлука, смета дека МПЦ никогаш немала проблем околу канонското признавање, туку прашањето секогаш било политичко.

Сето она што таму се коментира дека сме станале сега канонска црква, ние никогаш не сме отстапиле од каноните на православната црква. Големо ни е името и ќе сакаат да ни го земат, тоа е проблемот на нашата држава, тоа е проблемот на нашата нација, тоа е проблемот на нашата црква“, вели Владиката Петар, Митрополит преспанско-пелагониски.

Од друга страна владиката Петар смета дека ќе го добиеме Томосот за признавање на нашата автокефалност од страна на Цариградската Патријаршија тогаш кога ќе не признаат уште неколку православни цркви освен оние со грчко јазично подрачје на кои им пречело името Македонија. Тие ќе чекале да не признаат откако ќе добиеме Томос од Вселенската патријаршија.

Уште 3 до 4 цркви да не признаат на кои не им пречи нашето име, а останатите на кои им пречи нашето име секако тие нема да не признаат како автокефална пред да донесе томор Цариградската патријаршија. Црквите од грчкото јазично подрачје“, додаде Г. Петар.

Инаку денеска во Прилеп за празникот Свети Никола требаше да присуствува и некогашниот втор човек на Московската патријаршија Митрополитот Иларион Алфеев, кој сега е надлежен за руската црква во Унгарија, но тој не дојде. Според владиката Петар тој не дошол затоа што неговата придружба не добиле визи за Македонија. Во однос на поделбите во православието помешу Москва и Цариград Митрополитот Петар смета дека дошло време сите проблеми да се решат на еден собор и ако таму не се мешала политиката лесно ќе се надминеле сите препреки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи