Битиќи: Минималната плата од март 19.600 денари

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќ синоќа најави дека во март 2023 година Владата ќе ја зголеми минималната плата која ќе достигне вредност од 19.600 денари.

Според него, намерата на Владата е двајца членови од семејството да ја покријат месечната потрошувачка кошничка.

„Ќе целиме да ја зголемиме минималната плата затоа што платата мора да биде достоинствена. Во март минималната плата ќе биде 19.600 денари, што кога ќе има двајца членови на семејството ќе ја покрие кошничката и ќе остане нешто“, изјави Битиќи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи