Мирчески: За 1 ден наводно се откупиле 2 милиони кг. тутун – дали државата манипулира со бројките на откупен тутун?


Во ситуација кога министерот Николовски на 19 декември изјавува дека се откупени 17.5 милиони килограми тутун, а само по еден ден директорот на ДИЗ Јане Станковски да изјави дека се откупени 19.4 милиони килограми тутун и тоа во ситуација во која откупните пунктови се празни, отвораат место за сомнеж и се поставуваат неколку логични прашања на кои треба да одговорат и министерот и директорот на ДЗИ, вели Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

„Како прво дали министерот појма нема колкави количини се откупени до сега? Како второ дали контрадикторните бројки покажуваат дека се работи за лага за откупените количини поради што ќе падне во вода тезата на владата и министерството дека со нивните,,одлични,,политики има зголемување на производството на тутун? И како трето дали со овие контрадикторни бројки се прави место за вештачко зголемување на откупените количини за потоа некој дебело да заработи по однос на исплатени субвенции?

Се надеваме дека повиканите ќе одговорат на овие прашања бидејќи вистината е како шило, секогаш излегува на виделина.

А за крај доколку има време министерот покрај сите сликања да седни со откупувачите и заедно да изнајдат начин како да се исплатат оние тутунари на кои им се откупи тутунот во пониски класи бидеќи тие тутунари не се само бројки туку луѓе“, вели Мирчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи