Општествено одговорната компанија Витаминка донираше лабораториска опрема за потребите на училишната лабораторија на СОУ „Ѓорче Петров“, која ја кориистат фармацевтските техничари. Станува збор за нова и за користена но функционална опрема на која што учениците ќе може да учат и да изведуваат потребни експерименти соодветно наставниот план.
„Со оваа донација сакаме да придонесеме за подобрување на квалитетот на образованието, на учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ во кое што се образуваат идните лекари, фармацевти, медицински сестри и технолози кои што секако можат да бидиат и нашии колеги во ПИ Витаминка. Оваа донација се состои од лабораториски садови, од нова и постара, но функционална опрема на која што учениците ќе може да вршат експерименти и да им помогнат во секојдневната практична настава. Оваа донација не значи ниту почеток, ниту крај на нашата соработка. Ние долги години соработуваме со СОУ „Ѓорче Петров“ и нашата соработка ќе ја продолжиме и понатаму како на овој план така и на планот на стручно доусовршување на нивните ученици и постојана посета на просторииите на Витаминка каде што може да ја видат работата и на лабораториите и на производните погони на нашата фабрика“, истакна Натали Петреска, директор на Контрола во Витаминка.
Од СОУ „Ѓорче Петров“ упатуваат апел овој пример да го следат и други компаниии од нашиот град кои би помогнале со свои донации за подобрување на условите за едукација на учениците.
„Нашето училиште изразува благодарност до општествено одговорната компанија Витаминка која што со оваа донација ќе го подобри квалитетот на практичната настава на здравствената струка. Би сакала ова да биде мотив и поттик на другите прилепски компании да учествуваат со вакви донациии во нашето училиште се со цел подобрување на квалитетот на образованието“, додаде Петра Лукароска, директорка на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.
Инаку Витаминка има воспоставено редовна соработка со локалните основни и средни училишта во рамките на што често одговара на потребите на училиштата со разни донации и помош, но и со едукативни тури во капацитетите на компанијата каде што учениците се запознаваат со процесите и методите на Витаминка коишто им се предмет на изучување.