Компанијата Иннацо Мак ДOO од Прилеп која се занимава со производство на душеци, наддушеци и перници е вистински пример за тоа како треба да се однесува една општествено одговорна компанија.
Бројните донации на компанијата, од 2015 година до денес, помогнале на голем број установи ширум државава, особено болниците, да добијат современ асортиман од нивната богата палета на производи, а со тоа и поквалитетни услуги за пациентите и граѓаните.
Последната донација во перници се случи вчера за ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – „Свети Стефан“ во Охрид.
Претходно вакви донации, во перници и душеци, доби и болницата за анимација и реанимација и интензивно лекување во Битола, а нови перници, наддушеци и чаршави добија и Одделот за трансфузиологија во Прилеп, како и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Иннацо Мак ДOO има донирано свои производи и на голем дел на социјално загрозени семејства.
Овој позитивен пример треба да биде поттик и за останатите компании кај нас, да го следат истиот и да помагаат колку што можат во рамките на своите можности како на државните институции, така и на физички лица на кои помошта им е најпотребна. Се со цел да ја покажеме нашата хуманост на дело и да имаме подобро општество за сите.