ВИДЕО – Над 70 граѓански организации бараат платено породилно отсуство за жените земјоделки


Над 70 граѓански организации покренаа иницијатива за промена на Законот за  задолжително здравствено осигурување за да може регистрираните жени земјоделки да имаат платено породилно отсуство. Иако оваа иницијатива било долго време презентирана пред надлежните институции сепак засега државата е глува за ова барање. Станува збор за 1075 жени земјоделки на ниво на држава, од кои максимум на 50-тина годишно им треба породолно отсуство, односно во пари тоа државата би ја чинело само околу 10 милиони денари годишно.

Не се покажува дека навистина има желба да се најде системско решение за проблемот, крајно време е сите граѓански организации заедно да понуди предлог решение за законска измена. Ние бараме висина на минимална плата, односно 18.000 денари кое содејствува на конвенцијата 183 од Меѓународната организација на труд, каде потписничка е и Република Македонија“, истакна Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Со тоа што законот не ги препознавал овие жени како работнички се кршел Уставот и тие биле дискриминирани.

 Ние поднесовме и преставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, нели со индикации дека постои дискриминација. Го чекаме мислењето и се надеваме дека до крајот на годината и тоа мислење ќе го добиеме и доколку Комисијата утврди дека се работи за дискриминација, тоа е уште еден показател дека навистина овие министерства треба да се зафатат за промена на Законот за здравствено осигурување“, рече Јована Јованоска Кануркова, Хелсиншки Комитет за човекови права, дел од мрежата за заштита од дискриминација.

Жените земјоделки велат дека доколку добијат платено породилно отсуство ќе се зголеми и нивниот број.

Земјоделките треба да го имаат ова прво, мајка сум на женско дете и тоа сакам да ги има истите права како и сите вработени жени“, изјави Анета Загорац, регистрирана индивидуална земјоделка.

Предлог законското решение било веќе подготвено од правници со меѓународно искуство и било поднесено до Собранието на РМ и до секој пратеник.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи