ВИДЕО – Дедо Мраз се спушти од Градскиот Саат и на дечињата им подели пакетчиња

Play Video

И оваа година по трет пат група на ентузијасти од Прилеп кои сакаат да им ги разубават новогодишните празници на дечињата го повикаа во Прилеп да дојде Дедо Мраз, кој овој пат се спушти во центарот на градот од Градскиот Саат.

„Дедо Мраз им посакува на сите здравје, мир, љубов, среќа, секако оваа година да ја завршиме како предизвик да бидеме поуспешни и посреќни во Новата“, рече Дедо Мраз.

Дечињата со нетрпение го чекаа Дедо Мраз, секое со различна желба.

„Јас сакам плејстејшн 5, јас сакам колетче, јас сакам кола со далечински управувач“, рекоа дел од дечињата

Новогодишните пакетчиња ги овозможи општествено одговорната компанија од Прилеп оптиката „Оптил“.

„Најпрво ние поканивме дечиња од ООУ „Добре Јованоски“, од социјално загрозени семејства, а потоа сите пакетчиња кои останаа ги дававме и на случајни минувачи ии други дечиња. Беа поканети и од дневниот центар „Ѕуница“, но поради проблемот со транспортот не беа во можност да дојдат“, додаде  

Дедо Мраз вети дека и идната година повторно ќе се врати во Прилеп, но овој пат ќе се симнел од уште повисоко.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи