Акција за пошумување на ЗРВО кај манастирот Св. Петка во с. Лениште


По повод јубилејот 20 години од формирање на Здружението на резервни воени обврзници учесници во конфликтот од 2001-2002, според планот и програмата за одбележување на овој јубилеј се одржа акција за пошумување на млади дрвца од сортите: јавор туа и багрем, кај меморијалниот центар „ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ 2001/2002“ во атарот на манастирот Св. Петка кај с. Лениште.

„Акцијата беше успешна и беа засадени околу 200 млади фиданки, а дополнителните 5 туи кои ги засадиме од вкупно 20 ги симболизираат годините на постоењето на Здружението. На оваа акција беа поканети и сите добронамерници екологистите и љубители на природата. Чествувањето на дваесет годишнината ќе заврши на 28.12.2022 со свечена седница која ќе се одржи во салата при Градска Библиотека Борка Талески со почеток од 16.00 часот, а предходно во просториите на Здружението со почеток од 12 часот бранителите ќе поделат колетчиња за нај малите дечиња на членовите. Апел до ‘не свесните граѓани да не фрлаат отпад и шут во близина на споменикот воедно и манастирот“, велат од ЗРВО 2001-2002.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи