ВИДЕО – Воздухот во Прилеп високо загаден, кој загадува најмногу? – Советот организираше акција за пошумување


Вака околу пладне изгледаше Прилеп погледнат од Маркови Кули. Големото загадување е очигледно и видливо и со око, не мора да се мери со специјални апарати. Синоќа околу 19.30 часот загаденоста изнесуваше 314 микрограми штетни честички на метар кубен или 6 пати над максимално дозволеното. Според познавачите на приликите ова е вака секоја зима затоа што ниту една власт досега не обезбеди алтенативни решенија за затоплување, пример како гас, а сега со високите сметки за струја скоро секоја куќа се затоплува на дрва. Исто така големо загадување се правело и од индустриските капацитети, а особено од прашината на големиот број рудници на неметали кои ги има околу Прилеп.

Како грижа за животната средина и стопирање на некој начин на оваа еко катастрофа во иднина Советот на Општина Прилеп денеска организираше акција за пошумување. Се засадија 4.000 садници багрем и јасен во близина на депонијата Алинци. Претседателот на Советот повика на поголема ангажираноста на дел од институциите околу тоа кој и како загадува.

„Иако најчесто споменувана причина е тоа дека загадувањето доаѓа од греењето мислам дека повеќе фактори се вклучени во овој проблем. Исто така и тој е системски проблем кој треба да се решава на државно ниво. И апелирам до сите граѓани да внимаваат околу она што се се гори и посебно до индустријата, а тука посериозно треба да биди вклучено и Министерството за заштита на животната средина“, истакна Дејан Проданоски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Но и колку и да се садат нови дрвја, ако не сте стопира дрвокрадството се ќе биде за џабе. Тоа е толку развиено во Прилеп што не остана дрвце по околните планини. Оваа фотографија до нашата редакција приситгна вчера од загрижени граѓани од с. Ореовец кои велат дека дрвокрадците сред бел ден со полни шпедитери, без страв од никого си поминуваат низ селото. Полиција немало ниту за лек. Дневно тука поминувале од 20 до 30 шпедитери натоварени со дрва.

„Дивото сечење на шумите е системски проблем, за кој иако има добра волја и желба и во Советот и во локалната самоуправа не можеме да го решиме тоа како локална самоуправа, тој е национален проблем, државен проблем и мислам дека сите засегнати институции треба заеднички да започнат да соработуваат за да се спречи овој долгогодишен проблем кој што го имаме“, додаде Проданоски.

Од Советот на Општина Прилеп истакнаа дека ќе продолжат со вакви акции и на пролет. Инаку денеска акција за пошумување имаше и кај селото Лениште, во организација на Здружението на резервни воени обврзници учесници во конфликтот од 2001-ва.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи