Хуманитарен концерт во вторник во Арт Кафе за Весна Крстеска


На 27.12.2022, во вторник, ќе се одржи хуманитарен концерт, а собраните средства ќе се донираат на семејството Крстески за борбата на Весна со ракот. Концертот ќе се одржи во Арт Кафе – Апореа, а ќе настапат The Hounds и Cyrillic. Влезот е со симболична цена од 100 денари, а влезниците ги има во Брос и во Арт.

„Прекрасни луѓе, славете го животот секое ново утро и секој ден како последен, бидејќи тој нема цена. Секој ден е нова надеж, а со наша помош таа расте. Голема благодарност до сите роднини, пријатели, колеги, познаници и непознати кои ја поддржувате Весна во нејзината битка“, велат од нејзиното семејство

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи