МВР: Лажни се и денешните дојави за бомби

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и струшко, по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, а утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат оттаму.

По денешните дојави за бомби во Скопје, Тетово и во Битола, дојави пријавија и училишта во Прилеп. Основните училишта во Прилеп „Добре Јованоски“, „Гоце Делчев“ и „Блаже Конески“ денес добиле дојави за поставена бомба, по што веднаш биле евакуирани учениците и вработените. Ова е прв пат дојави за бомби да има во овој град.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи