Преспанскиот Херој им подели пакетчиња на децата од Туминец, Мала Преспа


Македонија и Мала Преспа денес беа сплотени во едно. Ако срцето ти е преполно со љубов, поделија. Ако душата ти е голема, покажија не ја стегај. Денес бев целосно исполнет, го посетив мојот роден крај, мојот корен и ја поделивме љубовта со овие деца, вели Васил Јанкула или кај народот познат како Преспанскиот Херој.

„Нивната искрена душа незнаеше како да возврати од радост. Денес поделивме многу среќа во Туминец, Мала Преспа, заедно со  здружението на самостојни уметници „Иднина на  традицијата“, хуманитарната организација „Samaritan’s Purse“ (координатори за Преспа Драган и Билјана Манев, АДРА, и ХУМАНА ПРЕСПА. Со многу радост, солзи во очите, прегратки, аплаузи бевме пречекани од селаните на с. Туминец, како и од градоначалникот на Мала Преспа, Пали Колефски. На сите им благодариме од се срце, што овој ден на сите нас ни го направија посебен“, истакна Јанкула.

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи