Потрагата по исчезнатото лице во Крушевско продолжи и денеска.
„Во текот на денешниот ден во потрагата учествуваат 15 полициски службеници од ОВР Крушево, 14 војници од АРМ со 1 куче трагач, 7 вработените од ТППЕ Крушево, ПО РЦУК Крушево со 4 лица вработени, ПО ДЗС со 3 вработени, екипа од Шумска полиција 2 со 1 возило и околу 20-тина граѓани доброволци“, информираат од ЦУК.
Повторно ќе се пребаруваат сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места.
Регионалниот ЦУК Крушево е во координација со сите екипи од институциите.
154