Почна исплатата на декемвриските пензии

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за труд и социјална политика известува дека на 27.12.2022 година (вторник) почнува етапната исплата на пензиите за декември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2022 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2022 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.12.2022 година (четврток) и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.12.2022 година (петок).

Пензионерите што користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата со парите може да располагаат од 27 декември (вторник). Тие може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи