ВИДЕО – Седница на Општинскиот кризен штаб за дојавите за бомби – училиштата се максимално подготвени за брза евакуација


Попладнево во Прилеп се одржа седница на Општинскиот кризен штаб на која се разговараше за последните дојави за поставени бомби во 3 прилепски основни училишта. На седницата приисуствуваа претставнции од полицијата, ЦУК, ДЗС, ТППЕ, Итната помош и други институции кои можат да помогнат за брза евакуација на децата. Беше истакнато дека сите училишта биле максимално подготвени за брза евакуација, а пред извесен период биле направени и показни вежби од страна на децата.

„Во нареден период можеме со примена на подготовки и вежби да ги доедуцираме се со цел за брзо постапување. Тоа може многу да помогне во справување со вакви немили дојави, а исто така и многу посмирено да се пристапи кон такво евакуирање“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека имале посебно одделение за обука, тренинг и вежби не само за евакуација, туку и за давање на прва помош, заштита од пожари и друго кои ги работеле во голем број не само училишта туку и во други институции и компании.

„Училиштата, градинки, старски домови, болници секоја година се контролирани и давани им се упатства во делот на безбедносните мерки, вклучително и спроведувањето на мерката евакуација. Инаку уште од 2006 година има еден Правилник потпишан од тогашниот министер за образование и директорот на ДЗС каде се обврзани директорите во своите годишни програми да спроведуваат вакви вежбовни активности, а тоа и претходно е правено“, додаде Јован Аврамоски, инспектор за заштита и спасување во ДЗС.

Според законот едно училиште требало барем 2 пати годишно да прави вакви вежби за евакуација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи