Целосно изгореле автомобил и трактор во село Дебреште

На 28.12.2022 во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 01.55 часот во с.Дебреште, општина Долнени, настанал пожар во плевна сопственост на С.М., при што биле зафатени и целосно изгореле патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки и трактор, кои биле паркирани во плевната.

Екипа на Територијалната противпожарна единциа го изгасила пожарот, а повредени лица нема.

Увид ќе се врши во текот на денот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи