ВИДЕО – Проданоски: Буџетот за 2023 е одлика на неработењето на претходната локална самоуправа


Денеска Советот на Општина Прилеп го донесе буџетот за 2023 година. Според претседателот на Советот, Дејан Проданоски, оовј буџет бил лика и прилика на вкупното работење односно неработење на претходната локална администациоја во последните 3 години: 2019, 2020 и 2021.

„Врз основа на тој просек на буџетите од тие 3 години, завршните сметки се прави анализа и од Министерстото за финасии добивме информација во кои рамки треба да се движи буџетот на Општина Прилеп. Вкупниот буџет изнесува 1.520.704.000 од кои на основниот буџет отпаѓаат 502.812.000 денари. Ова е резултат на вкупното работење или неработење на локалната самоуправа во тие 3 години кои се земаат за просек и овој буџет е согласно информациите кои ги добивме, од секторот за финансии кој што е изработувач, е скратен за повеќе од 1 милион евра. Што значи дека не очекува една сериозна година, со многу предизвици, но она што беше ветено кон нашите сограѓани ние успеавме да најдеме начин да го вклопиме во буџетот за 2023 година иако е поскромен и со помалку можности, меѓутоа максимално е извлечено она што беше ветено во предизборната програма“, кажа Проданоски.

Проданоски нагласи дека за прв пат една опозиција гласала против донесувањето а буџетот.

Интересно е што треба да бидат информирании граѓаните, според моето искуство, јас сум втор мандат советник во Советот на Општина Прилеп, за прв пат опозицијата гласа против еден буџет. Иако главни одговорни за ваквата состојба за тоа што е денеска е токму претходната власта предводена од СДСМ и за овие борјкии кои сега ги имаме се виновни директно претходната администрација. Не се случило досега опозицијата да гласа против. И ние бевме опозиција и секогаш бевме воздржани или гласавме за буџетите на Општината“, кажа Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи