По 2 годишна пауза денеска за Бадник во Прилеп повторно се организираа бадниковите поворки. Според организаторите овие дечиња кои ќе се дел од поворката ги симболизираат ангелите, оние кои го најавуваат Христовото раѓање. Како што самите ангели кога се родил Христос најавиле „Радувајте се, слава на Бога во висините“, така и овие дечиња ни преставуваат радост и ни кажуваат да се радуваме за раѓањето на вечниот Бог.