И оваа година, по трет пат традиционално, во чест на големиот православен празник Богојавление Христово – Водици ќе се одржи традиционалното капење во Плетварско езеро на на 19 јануари со почеток во 10 часот.
„Сите верници и посетители кои сакаат да бидат дел од овој настан да не известат на следниот телефонски број 078 520 792 или во порака најдоцна до 17-ти јануари. Домаќин и кум оваа година е г-дин Робе Селото Митрески. Ве очекуваме заедно да го дочекаме и одбележиме големиот празник“, велат организаторите на настанот.