ВИДЕО – Ќе се вработат 40 лица во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, кои ќе им помагаат на 120 стари и изнемоштени

Play Video

„Социјална услуга за помош и нега во домот“ е проектот финансиран од Светка банка, а со поддршка Министерството за труд, преку кој ќе се вработат 40 лица во Општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, кои во период од 18 месеци ќе даваат услуги за нега и помош на 120 стари и изнемоштени лица. Обврските на негувателите ќе бидат да се грижат за овие лица околу нивната исхрана, набавување на лекарства, уредување на домот и слично.

Во соработка со матичните лекари и дополнително со Центарот за социјална работа Прилеп во наредниот период ќе се работи на мапирање на потенцијалните корисници, а во исто време ќе има повик за заинтересирани невработени лица кои што би сакале да бидат вклучени во процес на обука, каде ќе добијат сертификати и ќе бидат лиценцирани негователи, а понатаму и да бидат даватели на услуга, нормално со платен работен ангажман“, рече Марина Тошеска, коордиинатор на проектот за Прилеп, Кривогаштани и Долнени.

Повикот за пријавување на негуватели ќе биде отворен некаде кон почетокот на идниот месец, по што на избраните кандидати ќе им следува обука за негуватели.

Општина Прилеп има претходно искуство во ваков сличен проект, тоа беше проектот „Супер Марио“, кој беше како идеа од граѓаните на Прилеп и произлезе од локалната самоуправа на општина Прилеп. За околу 100-тина луѓе во нашиот град ова ќе биде прекрасна можност, поддршка од Општината заедно со сите засегнати фактори кои учествуваат во проектот“, додаде Влатко Петкоски, портпарол на Општина Прилеп.

Проектот во овој регион се реализира со помош на „Центарот за развој и едукација Прилеп“.

Општината има надлежност целосно да ги обезбеди сите потребни материјали, со кадар, со обезбедување на јавен повик кој ќе се објави за пријавување на лиценцирани негователи, а тие што нема да бидат лиценцирани ќе им се овозможи да се лиценцираат“, кажа Дејан Киселоски, помлад соработник за јавни дејности Општина Кривогаштани.

На првиот повик овој проект веќе се спроведува во 19 општини во Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи