ВИДЕО – Гаврил Кочоски е среќниот пронаоѓач на паричката за Василица во Прилеп


Гаврил Кочоски е годинешниот среќен пронаоѓач на паричката за Василица во Прилеп, настан кој веќе втора година по ред се одржува на платото пред Градскиот саат. Од Општината беше даруван со пригодна награда крст. Организатори на настанот се Општина Прилеп и општествено одговорни компании кои на сите присутни им поделија буреци, греано вино и топол чај. А само во еден бурек имаше специјална изгравирано паричка.

Очекувам само здравје, среќа и успех на сите“, вели Гаврил Кочоски, среќниот пронаоѓач на паричката за Василица во Прилеп.

 

Сакаме да подариме љубов, срреќа, се разбира и на добитникот на паричката му дадовме симболична пригодна награда“, додаде Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Граѓаните кои беа присутни во голем број велат дека според традицијата утре за ручек во Прилеп сите фамилии вртат, пита, мазник или бурек со паричка.

Дома Василица ја обележуваме со мазник со паричка по прилепски и паричката кај кого ќе се падне му даваме бакшиш“, вели една граѓанка.

 

„Фамилијарно дома сите вртиме паричка, весело, со децата и внуците“, вели друга прилепчанка.

На манифестацијата имаше присутни и гости од Србија кои истакнаа дека многу им се допаѓа оваа традиција во Прилеп.

Многу ни се допаѓа и мислиме дека е многу убав настан. Ние сме со учениците тука, ние сме професори од економско училиште, ова се нашите ученици, па дојдовме да видиме. Засега е многу убаво. Ние немаме Василица како ваков настан, но ја славиме Српска Нова Година. Но немаме вака јавно собирање, бурек, тоа го немаме“, вели една гостинка од Србија.

Целта настанот е тој во иднина да прерасне во уште еден голем прилепски бренд, кој ќе биде посетуван и од посетители од другите градови во Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи