На 23 и 24 март 2023 година во Брисел СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп ќе биде дел од 14 по ред „Your Europe, Your Say 2023!“ во организација на Европскиот економски и социјален комитет (EESC).
„Чест и гордост за целото училиште е што сме избрани како единствено училиште од државава да бидеме заедно со училишта од 35 држави учеснички ( 27 училишта од земји членки на ЕУ, 7 училишта од земји кандидати за ЕУ и едно од европските училишта со седиште во Брисел). На дводневните дебати, работилници и интерактивни активности околу актуелно прашање од интерес за младите ќе учествуваат тројца ученици и еден професор“, велат од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.
Овој настан настан ќе биде посветен на Младинските демократски дијалози. Целта е да се подигне свеста за демократските вредности, истовремено поттикнувајќи го критичкото размислување и младинското учество. Настанот има за цел да им помогне на младите да разберат што стојат Европските вредности и што значи активно граѓанство во партиципативна демократија.
„Имајќи предвид дека 14-тиот настан ЅЕЅС ќе се одржи по годината полна со вознемиреност, во која доминира војната на Русија против Украина, заканите за мирните режими и непредвидливите општествени и економски предизвици кои водат до системски промени, тој ќе се фокусира на тоа како да се поттикне зајакнувањето на младите и активно граѓанство во партиципативна демократија“, додаваат од СОУ „Ѓорче Петров“.