Во партнерство со колеги од училишта од Србија, Шпанија, Португалија и Турција, професори од СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп учествуваа во изработка на онлајн прирачник за Прва помош. Прирачникот е краен продукт од Еразмус проектот „First aid worldwide“ и се базира на работа и истражувања за изнаоѓање и примена на иновативни методи, начини и средства за прва помош.
Тој соджи поглавја кои опишуваат различни состојби и повреди за кои е неопходно познавање прва помош, како и објаснувања како да се реагира во одредена ситуација. Сликите и видео материјали од шминкани повреди се важен дел од прирачникот и реално ги прикажуваат повредите и раните кои се случуваат во секојдневниот живот.
„Секој проектен партнер имаше посебна задача. Обрска на тимот од СОУ „Ѓорче Петров“ беше да истражи, избери и примени во наголема мера природни материјали за шминкање и реално, економично прикажување на повреди. Се очекува овој производ (онлајн прирачникот) да најде примена во наставно-образовниот процес како дидактичко помагало за учениците и наставниците, но и кај целата популација во стекнувањето на основни познавања и пружање на прва помош при несакани и непредвидени животни ситуации“, велат од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.
Координатор на проектот беше партнерското училиште „Сестре Нинковиќ“ од Крагуевац, Србија, а координатор за СОУ „Ѓорче Петров“ е професорката Билјана Тошеска.
Кликнете ТУКА за линк до прирачникот.