Секретарот и менаџер на Про Бокс Македонија, Дарко Чатлески, најави дека во текот на месец јуни се планира да се организира голем професионален боксерски спектакл.
„Целта ни е после тригодошна пауза конечно да го вратиме професионалниот бокс во нашиот град. Во фајт кардот ни се одбрани најдобрите боксери од Прилеп. Мартин Крстески со скор од 1 победа и 1 загубена борба во профи рингот, дебитантите Матеј Чатлески, двократен шампион на Македонија во бокс и Илчо Костовски кој има 20 борби од кои 15 победени и 5 загубени во аматерски бокс. Костовски сите борби ги има боксовано во Р. Словачка. Во однос на организацијата планираме да биди со одлична сценографија, професионално осветлување, професионален водител, девојки за рунди и музичка програма, а најбитно гарантираме добри борби. Не е исклучена можноста да имаме и плус профи боксери од Прилеп. Во програмата планираме да има до 10 професионални борби со боксери од Македонија Балканот и Европа. Најкасно до месец април ќе знаеме за датумот, времето и каде ќе се одржи овој боксерски спектакл“, истакна Дарко Чатлески.