„Богојавление“ во Крушево ќе се одбележи со осветување на водите од Крушевското Езеро во 11 часот

Во пресрет на големиот христијански празник „Богојавление“ – Водици, 2023 година, во населените места на територијата на општина Крушево, традиционално, на 19 јануари (четврток), ќе се одбележи празникот, каде што е организирано фрлање на Светиот крст и симболично осветување на водите.

Фрлањето на крстот во Крушево ќе се одбележи во Крушевското Езеро во 11 часот.

Општина Крушево и градоначалникот Томе Христоски и оваа година ќе врачат пригодни подароци кои ќе бидат свечено доделени за најсреќните учесници од страна на општинска делегација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи