Роамингот за Западен Балкан (Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија…) со земјите од ЕУ наскоро ќе биде укинат, со што телекомуникациските услуги во странство би можеле да ги плаќаме по исти цени како кај нас.
Хрватскиот парламентарец Бојан Главашевиќ вели дека овој договор е многу блиску до реализација.
„Во Собранието се одржа Комисијата за европски прашања на која државниот секретар Андреја Метелко Згомбиќ рече дека главниот договор е веќе потпишан, но треба да се потпишат уште неколку помали договори. На прашањето кога треба да се спроведе, односно да стапи на сила, таа рече – годинава“, изјави Главашевиќ за хрватските медиуми, додавајќи дека политичката волја за таков договор постои веќе подолго време.
Целта на овој договор е замјите кандидати за членки во ЕУ, откако ќе исполнат одредени критериуми, да можат да уживаат дел од бенефитите на ЕУ, иако се уште не се официјално членки на истата.