ВИДЕО – Производство на струја од метан – пречистителната станица во Прилеп прва во Македонија


Пречистителната станица во Прилеп е прва во Македонија која започна производство на електрична енергија од метанот кој се добива при работа на самата станицата. Во моментов од 12% до 15% од потребите за енергија се покривале токму од метан. Потребните документи за официјализирање на ова ова пробно производство се поднесени до надлежните институции. До крајот на годината се планираат инвестиции со кои што производството на струја од метан би покривало и до 20% од потребите на станицата, а со поголеми инвестиции тоа може да биде и до 50%.

„Според проценките на раководителите кои ги направивме доколку се инвестираат некои добри 300.000 до 500.000 евра би можеле да дојдеме и со половично производство за потребната електрична енергија за оваа станица само од метан“, истакна Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

Интензивно се преговарало и со Владата и со Регулаторна комисија за енергетика да се промени законот и да се дозволи производство на електрична енергија од соларни панели за Јавнии претпријатија од општините. Прилепски Водовод веќе има готов прокет за поставување вакви панели на пречиститената станица која ја користи 80% од вкупно потрошената енергија на претприијатиетот. Доколку се постават овие панели ќе се намали сметката за струја за оваа стaница и до 50%.

„Законот кој што се е донесен пред многу години да се промени, да ни дозволат производство на електрична енергија од обновливи извори. Тоа значи дека ние самите Јавни претпријатија не сакаме да бидеме профиитабилни и да правиме разлика во цена од самото производство, ние сакаме да направиме проекти каде таа електрична енергија што ќе ја добиваме од тие фото волтаици да ја користиме само за наши потреби. Досега позитивно оди разговорот се надеваме дека за околу 1 месец ќе го решиме и ова прашање“, додаде Гулабоски.

Инвестицијата за овие панели би била опколу 540.000 евра, пари кои Водовод се надева дека ќе ги обезбеди од Европски фондови и дел од нашите Министерства, а истата би се вратила за една година.

Годинава ќе се прави и таложник за Пречистителната статница, каде што ќе се таложи поголемиот дел од отпадот и калта кој што го носи водата со себе, а потоа водата која ќе треба да се прочистува нема да ги уништува машините како досега.

Инаку со субвенционираната електрична енергија за декември се намали и сметката за струја која ја плаќа Водовод некаде за 50%, а со тоа се намали и сметката за вода која ја плаќаат прилепчани, односно се врати цената пред покачувањето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи