Прилепските џудо клубови со најмасовно присуство на семинарот за лиценцирање на џудо тренери и судии во Битола


На 28.01.2023 сабота во Битола се одржа стручен семинар за џудо тренери и џудо судии за лиценцирање за 2023 година. Семинарот беше во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клуб Пелистер Битола.

На овој семинар присуството зедоа претставници на 15 клубови членки на ЏФМ со околу 50 спортски работници ( тренери и судии).

Имено Џудо клубот Сеишин- Прилеп беше најмасовен на овој семинар со 12 свои стручни кадри а ЏК Санкаку и ЏК Прилеп од Прилеп учествуваа со по 2 стручни кадри или вкупно 16 стручни лица од овие 3 Прилепски џудо клубови.

По завршувањето на семинарот сите присутни се здобија со сертификати и лецинци за работа за 2023 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи