Попусти и до 70% на секое чоше – „Prilep outlet weekend“ на 17 и 18 февруари


„Prilep OUTLET Weekend“, попусти и до 70% на секое чоше во прилепската чаршија на 17-ти и 18 февруари. Во овој настан се вклучени над 200 продавници како бутици за облека и обувки, детски бутици, парфимерии, кафетерии, продавници за бела техника, и многу други, а добредојдени се сите останати трговци и угосители во Прилеп.

Идејата на локалната самоуправа, како организатор на настанот, е Прилеп тие два дена да претставува огромен шопинг центар на отворено, каде купувачите од сите градови на Македонија ќе уживаат во попустите до 70%, но и да се забавуваат преку различните содржини кои ќе им бидат понудени и ќе се случуваат во старата прилепска чаршија кај Саатот, во центарот на Прилеп на плоштадот „Методина Андонов –Ченто“ и на плоштадот „Итар Пејо“, а за најсреќните купувачи има обезбедено и вредни награди.

Со цел купувачите да знаат каде да пазарат, продавниците кои се дел од настанот ќе бидат обележани со посебна ознака „Мајмунче на шопинг“, а на нивните излози ќе има поставено и постер од настанот.

Во инетерес на посетителите и купувачите градот ќе обезбеди паркинг простор за сите кои ќе пристигнат во Прилеп со своите автомобили. Дневен билет за паркинг ќе изнесува 50 денари.

Градот и прилепската чаршија предвидуваат и други изненадувања за сите посетители и купувачи кои на 17-ти и 18-ти ќе го посетат „Prilep OUTLET Weekend“, а сите случувања од настанот ќе бидат објавувани на специјало креираната фан страна на Фејсбук – Prilep OUTLET Weekend.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи