Почитувани сограѓани, Општина Прилеп, почнувајќи од утре, петок, 10.02.2023 пред Камената бина на Плоштад „Александрија“ ќе постави ПУНКТ ЗА ДОНАЦИЈА за настраданите семејства од земјотресот во Турција и Сирија.
Ги повикуваме сите граѓани од 10:00 до 16:00 часот можат да донираат во рамките на своите можности со цел да им помогнеме на сите оние кои претрпеа огромна штета предизвикана од катастрофалниот земјотрес.
Да бидеме хумани бидејќи нашата мала помош во моментов некому ќе значи навистина многу!
95