Група на млади од Тризла организираа хуманитарна акција за настраданите во Турција и Сирија


Група на млади од населба „Тризла“ во Прилеп денеска организираа хуманитарна акција за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Сенол Јашароски заедно со верскиот службеник  Алмир Сулејманоски, оџа од џамијата Тризла, како и одборот на  џамијата, ја организираа акцијата и собраните пакети, кој што граѓаните ги донираа, ќе бидат предадени на хуманитарната организација Легис од Скопје и истите ќе бидат пратени за настраданите од земјотресот. За таа цел после петочната молитва ќе се собираат и финансиски стредства во џамијата во Тризла и истите ќе бидат префрлени на сметката на организацијата Легис“, велат организаторите на хуманитарната акција.

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи