Извидниците од Прилеп со нов проект – „Извидничко движење за подобар свет“

Чест ни е да ви соопштиме дека Извидничкиот одред „Феникс“ – Прилеп заедно со уште седум други одреди од Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна е партнер во создавањето на една поинаква, уникатна приказна  “Извидничко движење за подобар свет”.  Проектот се одвива во рамките на Еразмус+ програмата и под водство на Извиднички одред Јавор – Осиек.

„Целта на оваа приказна е зголемување и распознавање на вештините и знаењата на луѓето кои работат и се занимаваат со млади. При имплементација на самиот проект очекуваме нашите млади лидери – водачи да бидат поттикнати да ги пренесуваат нивните знаења и да ја унапредат волонтерската работа. Најважно за еден извидник и неговата локална заедница е хуманата работа и волонтерството, па затоа овој проект придонесува за промоција на истите. Настрана од групната работа очекуваме и личен развој и напредок кај самите поединци како во приватното, така и во деловното опкружување. Самиот проект ни нуди и нови перспективи за реализација на активности со млади луѓе од перспектива на соработници како ИТ компании, високообразовни институции и други граѓански организации кои ќе дадат вредност на оваа наша приказна“, вели Ана Плетварец – началник на Извнидчки одред „Феникс“ – Прилеп.

Главната активност е обука на луѓе кои работат со млади, планирани 8 дена во близина на Осијек во Копачево, јуни 2023 година. Секоја партнерска организација ќе учествува со пет учесници – луѓе кои моментално работат со млади луѓе. На оваа голема активност ќе и престои подготвителен состанок каде ќе се дефинира профилот на секој партнер, а сите партнерски организации ќе имаат за цел да обезбедат најмалку едно лице кое работи со млади луѓе над 30 години, потоа 1-3 лица од 18 до 30 години и 1-3 лица од 13 до 18 години. Сите партнери ќе се грижат за рамнотежа на половите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи