Утре, вторник 14.02.2023 е последен ден за донации на овој хуманитарен пункт, од 10 до 16 часот! Голема благодарност до сите граѓани за донациите и за нивниот ангажман, како и на сите вклучени во акцијата за собирање на хуманитарна помош за граѓаните на Република Турција и Сирија која што ја поддржавме и заедно со Црвениот крст ја координираме.
Во наредниов период навремено ќе ве известиме за било какви други хуманитарни акции со ваква цел. Воедно, денес на вонредната седница на Советот на Општина Прилеп, едногласно беше изгласана предложената одлука за финансиска помош на настраданото население во Турција и Сирија, во висина од 450.000 денари.
163