Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ се запознаваа со темата на младинските дебати во Брисел – „Your Europe, Your Say 2023!“


СОУ „Ѓорче Петров“ го посети претставникот на Европската комисија Sibian Ionuţ, кој после презентацијата имаше и кратка дебата со присутните ученици поврзана со младинското учество во демократските процеси.

Целта на посетата беше подетално да ги запознае учениците што ќе учествуваат на настанот „Твоја Европа Твој Глас“, 2023 со темата и да им даде напатствија и практични совети за претстојниот настан кој ќе се одржи на 23ти и 24ти март, 2023 во Брисел, Белгија.

 

 

Инаку СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп е единствено училиште од Македонија учесник на младинските дебати во Брисел – „Your Europe, Your Say 2023!“

Овој настан настан ќе биде посветен на Младинските демократски дијалози. Целта е да се подигне свеста за демократските вредности, истовремено поттикнувајќи го критичкото размислување и младинското учество. Настанот има за цел да им помогне на младите да разберат што стојат Европските вредности и што значи активно граѓанство во партиципативна демократија.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи