„Љубов и вино“ – поетско музичка вечер во Цепенков

Поетско музичка вечер насловена „Љубов и вино“ ќе се одржи денес од 18 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“, со што ќе бидат одбележани празниците св. Трифун и Денот на љубовта. Манифестацијата која ќе има мултимедијален карактер ја реализираат Центарот за култура и Клубот на литературни творци – Прилеп, при што дваесетина поети ќе презентираат поезија.

Освен што ќе се чуе убавиот стих, ќе има и музика, со што на ваков оригинален начин ќе бидат одбележани двата празници, а со ова практично Центарот ги започнува годинешните активности, во кои во голема мера ќе бидат вклучени и поетите и литератите од градот.

Посетителите не само што ќе можат да уживаат во убавиот пишан збор и музиката, туку ќе вкусат и убаво прилепско вино.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи