По расправија прилепчанец пукал со пиштол и се заканувал на свои сограѓани

На 14.02.2023 околу 18.45 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица  Прилеп го лишиле од слобода Р.М.(63) од Прилеп.

Околу 18.10 часот, по претходна расправија со А.М.(28) и Б.М.(38), двајцата од Прилеп, тој од пиштол испукал во земја, а со пиштолот му се заканил на Л.П.(27) од Прилеп, кој се обидел да ги раздели. Според пријавеното, А.М. и Л.П. успеале да му го одземат пиштолот „Застава М-70“ калибар 9 мм.

Увид бил извршен, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка. Во полициска станица бил извршен службен разговор и биле задржани А.М., Б.М. и Л.П.. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи