Деновиве во рамките на акцијата Донирај компјутер – Борче Стаменов, во координација со Општина Долнени и градоначалникот Урим Ибески, беа доделени 25 компјутери наменети за учениците од Основното училиште „Пецо Даскалот“ од Долнени. Оваа донација ќе го олесни образовниот процес во училиштето и ќе придонесе кон осовременување на воспитно – образовниот систем.
„Големината на човештвото не е во тоа да се биде човек, туку во тоа да се биде хуман. Хуманоста е таа, која ги гради односите меѓу сите нас. Таа е темелот на меѓучовечките односи и ако тој темел е здрав, сигурен и цврст врз него може да се додава и да се гради. Впрочем, сите ние живееме заедно, па неопходно е меѓу себе да си помагаме. Но колку ваквите зборови можат да се преточат во реалност кога станува збор за земја како нашата? Можат“, велат од училиштете „Пецо Даскалот“ и Општина Долнени.