Приведени две лица при претрес во Прилеп – пронајдена дрога

На 15.02.2023 во 13.40 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ф.Ј.(21) и 17-годишник, двајцата од Прилеп, затоа што кај малолетникот била пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на  Ф.Ј., при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.  Тие биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи