ВИДЕО – Започна „Prilep Outlet Weekend“, утре се очекуваат и голем број гости од други градови


Во Прилеп започна манифестацијата „Prilep Outlet Weekend“ која ќе трае денеска и утре, а во која се вклучени скоро сите дуќани од централното градско подрачје. Идејата е да се организира настан со големи попусти во прилепските продавници, со што ќе се помогне за заживување на градско јадро. Идејата е на Општина Прилеп, а дел од попустите одат и до 70%.

Со една ваква објава, покана активно да ни се приклучат не само граѓаните од Прилеп, туку и од сите соседни најблиски општини. Денеска гледаме дека имаме гости и од подалечни градови, што ја радува нашата прилепска чаршија“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Во моментов во старата чаршија во Прилеп има затворено над 40 дуќани како никогаш до сега, срцето на Прилеп тивко умира. Дуќаџиите сметаат дека ваквите активности повторно може да го вратат духот и разввиженоста во чаршијата. Уверуваат дека и попустите се реални според максимумот на нивните можности.

Од сабајле се чувствува таа еуфорија за овој настан, имаме раздвиженост низ градот. Се надевам дека ова ќе резултира со добри ефекти, така да ќе биде предизвик за и понатаму да реализираме ваков настан“, истакна Кирил Трпчески, Претседател на Регионална занаетчиска комора – Прилеп.

 И граѓаните позитивно ја оценувата идејата.

Добар е предлогот, луѓето немаат пари така ќе му дојде на некој добредојдено, тие што планираат да купат“, вели еден граѓанин.

 

Прошетавме, видовме, нешто и купивме. Има реални попусти“, кажа друга прилепчанка.

Утре се очекува да биде најголемата гужва во Прилеп, кога е пазарен и неработен ден, а се очекуваат и голем број граѓани и од другите градови на Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи