ВИДЕО – Отворен почесен конзулат на Украина во Прилеп, почесен конзул е Сашо Наумоски


Во Прилеп денеска беше отворен почесен конзулат на Украина во Македонија, а  за почесен конзул беше назначен Сашо Наумоски, генерален директор на Витаминка, стопанственик кој долги години придонесува во развивање на економските релации меѓу двете земји и истакнат член на заедницата. Амбасадорката на Украина во нашата земја, Лариса Дир, истакна дека секоја помош која што во овие моменти пристигнувала во Украина од сите страни на светот им помагала на граѓаните да си ја зачуваат својата држава.

Особено се надевале на големиот пакет воена помош од Запад кој требало да им биде одобрен деновиве. Исто така потенцираше дека функцијата на почесен конзул ќе ги зацврстела и онака добрите релации помеѓу двата братски народи.

Наумоски пак изјави дека ќе се заложи за уште поголема соработка помеѓу Македонија и Украина на сите општествени полиња.  Инаку ова е прв конзулат на некоја држава отворен во Прилеп.

„Вие ќе го преставувате украинскиот народ, кој веќе 359 ден се брои за своето право на живот, територијална независност и право да остане суверена држава во нејзините меѓународно признати граници. Секоја ваша помош ќе им го олесни животот на Украинците, кои херојски научија да живеат со воздушни аларми, недостаток на струја, вода и греење поради уништувањето на критичната цивилна инфраструктура на Украина од страна на руски крстосувачки ракети и ирански дронови. Вие ќе ја преставувате Украина која на бојното поле ги штити животите на своите граѓани, својата суверена територија и евроспските вредности во целост, Украина на кој ѝ помага целиот демократски и прогресивен свет“, изјави Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Македонија.

 

„Во овие времиња да се биде пријател е навистина голема чест, да се даде доверба е навистина доблест, а јас во моментот ги имам и двете од страна на Украина. Тоа ме става пред уште поголема одговорност. Зближувањето и градењето релации меѓу двете земји и народите кои живеат во нив е многу повеќе пд живот на исто тло или говорење на близок, сроден јазик, веросиповест, историја и имање слични аспирации. Со Украина го делиме истото време исполнето со предизвици, за нас економски, егзистенцијални, а за нив и животозагрозувачки, како и прашања што треба да направиме за да го подобриме животот за сите нас во ова време невреме. Културната, социолошката размена, бизнисот и економската соработка, идеи и визии за подобра иднина се полиња каде ќе се надоградуваат и зацврстуваат односите меѓу двете пријателски земји. И тука е мојата обврска и одговорност како почесен конзул на оваа земја да придонесам за експанзија на овие вредност“, истакна Сашо Наумоски, почесен конзул на Украина во Македонија.

 

„Прилеп како македонска општина од пред една деценија е збратимен со украинскиот град Чернихов, што придонесе кон зајакнување на пријателствата и соработката што се уште траат. Прилеп ја потпиша спогодбата за соработка меѓу стопанските комори на двата града и за интерфакултетска соработка меѓу економските факултети во Прилеп и Чернихов. Верувам и покрај тешката состојба во Украина, дека сега кога го имаме и почесниот конзулат на Украина во Прилеп оваа соработка ќе се обнови, а нашите братски народи меѓусебно ќе продолжат да си помагаат“, додаде Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи