Дојави за бомби во 2 училишта во Прилеп

Осум училишта во Скопје и две училишта во Прилеп утринава добиле дојави за поставени експлозивни направи, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Денеска (20.02.2023) до 09:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираат од МВР.

Дојави за бомби во училишта имаше и минатата недела. Освен во Скопје, дојави за поставени експлозивни направи добиваа и училишта во Куманово и Прилеп. Покрај официјалните електронски адреси на училиштата, заканите се упатуваа и на приватни мејлови на професори.

Досега, како што информираше МВР, сите дојави за бомби беа лажни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи