Денеска за прв пат во Општина Прилеп, Советот за развој на Пелагонискиот плански регион ја одржа 12-та седница, со која во оваа 2023 година ќе раководи како претседател на СРППР, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески и на која, главно, се разгледуваа годишните финансиски извештаи од неколку проекти.
На седницата, во присуство на градоначалниците од пелагонискиот регионот, беше усвоен финансискиот извештај на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2022 година. Беа разгледани и усвоени: годишниот финансиски извештај за 2022 година за проектот за Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, годишниот финансиски извештај за 2022 година на проектот „Зголемување на можностите за развој на туризмот преку искористување на постоечките ресурси – I TOUR“, финансиран од Програмата за прекугранична соработка со Грција, годишниот финансиски извештај за 2022 година на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор – J CROSS„, финансиран од Програмата за прекугранична соработка со Грција, годишниот финансиски извештај за 2022 година на проектот „Рурално претприемништво – Смарт Рурал„, финансиран од Програмата за транснационална соработка БАЛКАН МЕД како и годишниот финансиски извештај за 2022 година на проектот „Прекугранично спречување и менаџирање со шумски пожари – СОЛВЕ“, финансиран од Програмата за прекугранична соработка со Грција.
Дел од денешната седница беше надополнета и со разгледување и усвојување на годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2022 година и извештајот за спроведување на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, за 2022 година.
Присутните градоначалници од Пелагонискиот регион беа запознати и со Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2023 година, добијаа информација за предавање на сопственост и одржување на агрометеоролошки станици во Пелагонискиот регион, информација за проект SOLVE од ИПА програма за прекугранична соработка со Грција, а беа запознати и со можноста, општините да бидат дел од грантовата шема за инвестициски проект со дигитална компонента, преку Швајцарска агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.