ВИДЕО – ОЈО Прилеп истражува за можно сексуално вознемирување на 15 годишна ученичка во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп


ОЈО Прилеп во моментов собира докази и води истражна постапка за тоа дали на 8 февруари во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп се случило сексуално вознемирување на 15 годишна ученичка од страна на вработен во училиштето. Ученичката пријавила дека случајот се случил во училиштето каде била допирана по телото од вработениот. Директорката Тереза Златеска, вели дека ученичката од 8 до 13 февруари 3 пати го сменувалка исказот, дали била или не сексуално вознемирувана, па на 14 февруари таа случајот го пријавила во Центарот за социјални работи, МВР и ОЈО Прилеп. Истакна и тоа дека ученичката била дете во ризик.

Ги презедов сите потребни активности, беше направен разговор со родителите на ученичката, стручна служба, вработениот во училиштето. Поради тоа што добив различни изјави, настанот веднаш го пријавив во Центарот за социјални работи и во МВР. Ова дете е дете во ризик и затоа побарав од Центарот за социјална работа да се преземат нивни понатамошни активности“, истакна Тереза Златеска, директорка на СОУ „Орде Чопела“ Прилеп.

Но останува нејасно зошто вработениот не е суспендиран дури трае истрагата и зошто училиштето според Центарот за социјална работа кај нив случајот го пријавило само дека ученичката е со несоодветно однесување за време на настава и по завршување на настава, а нема ниту збор за нејзино сексуално вознемирување.

Од ОЈО Прилеп денеска ја демантираа информацијата која излезе во јавноста дека тие дека тие ја отфрлиле пријавата бидејќи немало елементи на кривично дело. Јавниот обвинител издал насоки до МВР за обезбедување на сите потребни докази, кои вклучуваат и распит на лицата. Се чекале потребните информации.

Од Центарот за социјална работа истакнаа дека на првата покана за средба со девојчето и родителите тие не се јавиле, додека на втората покана тие се пријавиле и детето било сослушано во присуство на таткото од страна на стручен тим при. Од разговорот со детето и родителот се дошло до сознание дека детето на почетокот на февруари било жртва на сексуално вознемирување.

Од страна на стручен тим при ЈУ МЦСР Прилеп се превземаат мерки на помош и заштита и психосоцијална помош и поддршка се со цел јакнење на емоционалната стабилност и состојба во понатамошниот развој на детето. Ова особено имајќи во предвид дека самата медиумска експонираност на предметот може да доведе и до секундарна виктимизација на детето на што особено треба да се внимава. Истовремено  се работи и со родителите на детето се со цел јакнење на нивните родителски капацитети“, истакна од ЈУ МЦСР Прилеп.

Инаку од МВР истакнаа дека кај нив бил пријавен случај за сексуално вознемирување на малолетничка на кој се работело.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи