ВИДЕО – За земјоделците цената од 33 денари за лебот е реална, пекарите најавуваат продажба само од нивните објекти


Асоцијацијата на земјоделци на Македонија ја оправдува одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари. Велат дека дури и оваа цена била висока. Сметаат дека пекарите ја злоупотребувале целата ситуација и дека и со оваа цена на лебот тие биле рентабилни и не биле во загуба. Бараат итни преговори помеѓу Владата и производителите на леб за надминување на ситуацијата.

Во овој случај мислам дека нема да изгубат преработувачите на леб со 33 денари, сигурен сум затоа што ако погледниме, не само во Прилеп туку во цела Македонија, ќе дојдеме до заклучок дека цени имаме денес каде се продава леб од 30 денари, 28 денари леб. Тоа значи одредени компании можеби калкулацијата неправилно ја пресметале, со оглед на тоа дека во моментот имаме доволно пченица, имаме доволно капацитети за производство на леб. Нормално дека е срамота млинарите да го остават народот без леб“, истакна Перо Стојкоски, Асоцијација на земјоделци на Македонија.

Пекарите пак остануваат на ставот дека цената од 33 денари не била реална. Дел од пекарниците велат кај нив цената на струјата не играла воопшто никаква улога. А дел од нив пак немале поднесено ниту барање за субвенции за електрична енергија. Велат дека ќе произведуваат леб и ќе го продаваат само од нивните објекти за да немаат трошоци.

Јас како производител сигурно нема да одам во Кавадарци досега како што дистрибуиравме, или до Скопје, бидејќи не ми одговара цената. Во градов ако денеска се договоривме од утре би почнале со работа.

Вас ви одговара цената од 33 денари?

Ми одговара, но ќе продавам само од шалтер.

Значи нема носите по маркети, директно од фурна?

Нема да носиме по маркети, ќе работам само од шалтер за муштериите, тие што ќе дојдат. По 33 денари, бидејќи нема да платам шофер, гориво, нема рабат на дел од пекарите“, вели Владимир Апостолоски, сопственик на пекара.

 

Има некои пресметки во владата дека 26 денари е цената на лебот по коштање. Но тука немаме амортизација, немаме кредити, немаме поврат на лебот, што реално оваа цена ние како пекари не можеме да ја издржиме. Ние моментално денеска го продаваме во сите 4 локали по 33 денари, како што кажа и колегата, поради трошоците како безнин, амортизација, нема да испорачуваме леб во продавниците“, кажа Александар Ристески, сопственик на пекара.

 Што ќе се случува понатаму со цената и производството на леб останува да се види од новите средби што треба да следат помеѓу поголемите производители и Владата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи