Во текот на изминатата вечер (04\05.03.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
„При контролата констатирани и законски санкционирани се 20 возачи.Од нив 14 на територија на Битола, 4 во Прилеп и 2 Демир Хисар.За време на контролата биле санкционирани и 22 останати прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила“, информираат од СВР Битола.
130