ВИДЕО – „Еднакви и моќни“, родовата еднаквост мора да биде дел од секое европско општество – Марш на Форумот на жени на СДСМ


Под слоганот „Еднакви и моќни“, Форумот на жени на СДСМ денеска во Прилеп го одржа својот Марш по повод 8 март, кој започна од Могилата на Непобедените каде беше положено цвеќе на споменикот Жена борец, а потоа колоната со членки на СДСМ од цела Македонија се упати до Участакот каде беа упатени пораки за родова еднаквост и рамноправност на жените во општеството. Беше потенцирано и тоа дека иако денес бројот на жени во извршната и законодавната власта, како и во советите во локалните заедници е скоро ист и биле донесени низа закони за подобрување на статусот на жената, се уште имало доста работа.

Евидентно е слабото учество на жената како кандидатка за градоначалник, недоволен е бројот на жени менаџерки, понатаму медиумското преставување на жените е полно со стереотипи и предрасуди поврзани со родовите улоги во општеството. И понатаму жените се најчесто жртви на говор на омраза“, истакна Јована Тренчевска, претседателка на Форум на жени на СДСМ.

Веќе се работело на предлог текст за нов закон за родова еднаквост, која што морала да биде составен дел од секое општество.

Замислете свет еднаков за половите, свет без пристрасност, стереотипи и дискриминација, свет кој е разновиден, правичен и инклузивен, свет каде разликата е вредност која се почитува и прославува. Родовата еднаквост мора да биде составен дел од ДНК-то на секое општество“, рече Сања Лукаревска, потпретседател на СДСМ.

Премиерот Димитар Ковачесвки истакна се работела на измена на изборен законик за целосна еднаковст на жените и мажите на листите за пратеници и советници, најмалку 40% жени во извршната власт, како и квота од 30% за избор на жени градоначалнички.

Потребни сте на државата, на општеството, во сите области во општеството и само со вашата тактичност, верба, одлучност, какви што ги имаат само жените можеме да ги движиме успешно економскиот развој и европските перспективи напред“, изјави Димитар Ковачески, претседател на Влада.

 

„Ние како социјалдемократи сме повикани да зборуваме за предизвиците, родовата еднаквост, родовото насилство, за положбата на жената, за обезбедувањето на еднаков пристап  до можностите и ресурсите како и со мажите, со еднакво право на целосно учество во општествениот живот, во нивните заедници, локално, централно и глобално“, додаде Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак запрашаа во време кога државата се распаѓала на сите страни кој ќе ги плател ваквите политички екскурзии и автобуси од цел држава кои ги организирал Ковачевски.

Каква иронаја, човекот кој пред некој ден со крајно дрско и безобразно однесување кон пратеничката од редот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, денес ќе маршира за правата на жените“, кажа Билјана Кузманоска, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Инаку постигнувањето на родовата едкавост понатаму ќе биде услов при отворањето на секое поглавје од преговорите со ЕУ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи