Санкционирани 20 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола, 4 во Прилеп


Во текот на изминатата вечер  (04\05.03.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

„При контролата констатирани и законски санкционирани се 20 возачи.Од нив 14 на територија на  Битола, 4 во Прилеп и 2 Демир Хисар.За време на контролата биле санкционирани и 22 останати прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила“, информираат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи