„Букет од песни“ е насловот на концертот што ќе го одржи октетот Прилеп на седми март 2023 година, во вторник од 19 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“. Концертот е по повод меѓународниот ден на жената Осми Март.
Октетот, кој работи под патронат на ЦК „Марко Цепенков“, ќе се претстави со одбрани композиции во кои се пее за жената.